Дома Фудбал Аморим му одговори на Кристијано Роналдо

Аморим му одговори на Кристијано Роналдо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед – Рубен Аморим, се осврна на критиките од португалската суперѕвезда и поранешен фудбалер на клубот Кристијано Роналдо, за време на прес-конференција пред натпреварите од Премиер-лигата на Англија, пренесува BBC.

“Секако, знае дека тоа што го кажува има огромно влијание врз сè во клубот. Но знаеме на што треба да се концентрираме во иднината. Направивме многу грешки претходно. Се обидуваме да го промениме тоа. Да не се фокусираме само на случките до сега. Треба да гледаме напред”,

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На својата YouTube страница, порано неделава, петкратниот добитник на “Златната топка” Роналдо изјави дека неговиот сонародник Аморим “тешко може да направи чудо”. Португалецот смета дека неговиот поранешен тим тргнал по “лош пат”.

“Го прави најдоброто што може. Што друго може да направи? Чудо? Чудата се невозможни. Имаме една поговорка во Португалија: ‘чудата се случуваат само во Фатима'”, коментира шеКристијано за време на интервју со британскиот новинар Пирс Морган.

“Манчестер Јунајтед сè уште е во моето срце. Го сакам овој клуб, но сите треба да бидеме искрени со себеси и да признаеме дека не тргнале по добар пат. Треба да се променат и тоа не зависи само од тренерот и играчите”, додаде уште португалската суперѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…