Дома Останати Кошарка Вембањама беше исклучен, Дончиќ ја доби битката – неверојатен пораз на Оклахома! (Видео)

Вембањама беше исклучен, Дончиќ ја доби битката – неверојатен пораз на Оклахома! (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја победија екипата на Сан Антонио Спарс со резултат 118:116, благодарение на извонредната партија на Лука Дончиќ кој беше блиску до трипл-дабл учинок.

Дончиќ постигна 35 поени, имаше 13 асистенции, девет скокови и пет украдени топки.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Лејкерси ја завршија средбата со серија од 21:10, но Спарсите имаа последна шанса да изедначат, која не ја искористија.

Деандре Ејтон додаде 22 поена со 10 скокови за Лејкерси и пружи поддршка на расположениот Дончиќ.

Од спротивната страна, Виктор Вембањама постигна 19 поени и 8 скокови пред да биде исклучен поради пет лични грешки, една минута и 39 секунди пред крајот на натпреварот.

Дени Авдија постигна 26 поени, 10 скокови и 9 асистенции, а Портланд Трејл Блејзерс направија неверојатен пресврт од 22 поени разлика, победувајќи ги Оклахома Сити Тандер со 121:119.

Џру Холидеј придонесе со 22 поени, вклучувајќи две слободни фрлања кои го донесоа Портланд во водство од 121:118 шест секунди пред крајот. Џерами Грант постигна 20 поени, а Блејзерс им го нанесоа првиот пораз на сезоната на актуелните шампиони на НБА.

Ѕвездата на Тандер, Шај Гилџус-Александер постигна 35 поени, а Арон Вигинс додаде 27. Оклахома Сити настапи без неколку важни играчи, меѓу кои Чет Холмгрен, Лу Дорт и Алекс Карузо.

Резултати:

Кливленд Кавалиерс – Филаделфија 76ерс 132:121

Детроит Пистонс – Јута Џез 114:103

Индијана Пејсерс – Бруклин Нетс 103:112

Бостон Селтикс – Вашингтон Визардс 136:107

Њујорк Никс – Минесота Тимберволвс 137:114

Мемфис Гризлис – Хјустон Рокетс 109:124

Далас Маверикс – Њу Орлеанс Пеликанс 99:101

Денвер Нагетс – Мајами Хит 122:112

Лос Анџелес Лејкерс – Сан Антонио Спарс 118:116

Портланд Трејл Блејзерс – Оклахома Сити Тандер 121:119

Сакраменто Кингс – Голден Стејт Вориорс 121:116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Познат кошаркар ја добил најтешката битка: Докторите му дале 10 проценти шанси да преживее… (Фото)

Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара се разбуди од кома и ќе го продолжи процесот на опор…