Дома Фудбал Хаос во Аталанта: Тренерот ќе се степаше со првата ѕвезда на тимот среде натпревар! (Видео)

Хаос во Аталанта: Тренерот ќе се степаше со првата ѕвезда на тимот среде натпревар! (Видео)

Фудбалерите на Аталанта синоќа се радуваа на победа во рамките на 4. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Марсеј со минимални 1:0 на гостувањето.

И покрај победата, атмосферата беше мошне напната, при што во центарот на вниманието беа тренерот Иван Јуриќ и Адемола Лукман.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Камерите го забележаа моментот на замената која ја изведе Јуриќ. Во моментите кога Јунус Мусах влезе на теренот, од истиот беше извлечен Адемола Лукман. Оваа замена не му се допадна на Лукман, кој упати неколку зборови кон Јуриќ додека се упатуваше кон клупата. Хрватскиот тренер го задржа Лукман за рака и му кажа нешто, а понатамошната расправа беше прекината од членовите на стручниот штаб на тимот на Аталанта.

Sky Sport Italia извести дека дискусијата меѓу нигерискиот фудбалер и Јуриќ се продолжила и по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напаѓачот кој викендов постигна мангупски гол со лоб удар може да биде ново засилување за Македонија! (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација би можела да добие ново име во офанзивната линија то…