Дома Фудбал Кјелини најави пресврт: Влаховиќ и Јувентус сакаат нов договор

Кјелини најави пресврт: Влаховиќ и Јувентус сакаат нов договор

Ситуацијата со договорот на Душан Влаховиќ долго време е главна тема во Торино. Со доаѓањето на Лучано Спалети на тренерската позиција и добрата форма на напаѓачот во последно време, може да дојде до голема промена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако во јануари 2022 година пристигна од Фиорентина за импресивни 83,500,000 евра како најпосакуван млад напаѓач во европскиот фудбал, односот меѓу српскиот репрезентативец и бијанконерите постојано се менува. Имаше блескави моменти, но и очајни – но не успеа да ги оправда годишните примања од дури 22,200,000 евра.

Убедливо најплатениот фудбалер на „Старата дама“ договорно е врзан за клубот до летото 2026 година, кога ќе биде слободен во изборот на нова средина. Доколку не го продолжи договорот, а изгледите за тоа се поголеми.

„Вратите се отворени од двете страни. Влаховиќ е максимално фокусиран и размислува само на Јувентус. Кога ќе дојде време, заедно ќе ја процениме ситуацијата и ќе донесеме одлука“, откри за Газета Џиорџо Кјелини, поранешен фудбалер и сегашен функционер на двократниот европски првак.

Ова претставува јасен сигнал за подобар однос меѓу клубот и играчот, што создава надеж меѓу навивачите дека 25-годишниот напаѓач ќе го гледаат уште долго во црно-белото. Поранешниот член на Партизан за гигантот од Чизмата одигра 159 натпревари, со 64 голови и 15 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…