Дома Фудбал Статистиката од „Енфилд“, која го негира Чаби Алонсо

Статистиката од „Енфилд“, која го негира Чаби Алонсо

Поразот на Реал Мадрид на „Енфилд“ беше само со 0:1, но многумина прават споредба со дербито против Атлетико Мадрид и поразот од 2:5, кој тимот на Чаби Алонсо го претрпе на „Метрополитано“.

Во салата за прес-конференции на стадионот на Ливерпул, тренерот категорично не се согласи дека двата натпревари беа слични, и покрај разликата во резултатите. „Беше рамноправен натпревар, разликата дојде од детали“, објасни тренерот на „белите“, кој не виде ништо заедничко со слученото во домот на Атлети.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, преовладувачкото чувство – како во клубот, така и надвор од него – е дека ако не беше извонредниот настап на Тибо Куртоа, Реал Мадрид ќе се вратеше од Англија со една од оние рани кои заздравуваат полека и чија тежина во иднината има непредвидливи последици. Анализата на податоците од натпреварот е поблиска до оваа теза отколку до онаа на Алонсо за рамноправна игра, нагласува „Марка“.

Повеќе удари од страна на Ливерпул
Ливерпул создаде повеќе гол-шанси пред голот на Реал Мадрид отколку Атлетико Мадрид. Тимот на Диего Симеоне упати вкупно 13 удари, од кои седум беа во рамките на голот. Од „Енфилд“ Реал се врати со 17 обиди за гол против себе и девет удари, на кои Куртоа мораше да реагира.

Разликата Куртоа: 8:2
Ова јасно покажува каква била разликата помеѓу Реал Мадрид на „Метрополитано“ и овој на „Енфилд“. Одговорот е јасен: Куртоа. Од деветте точни удари на тимот на Слот, само оној со глава на Мак Алистер не беше отразен од белгиецот – гигант, кој станува уште поголем кога го гледа црвениот дрес на Ливерпул пред себе. На „Метрополитано“ тој направи само две одбрани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…