Дома Фудбал Готово: Де Роси се договори, се враќа во Серија А!

Готово: Де Роси се договори, се враќа во Серија А!

Фудбалскиот клуб Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Фудбалиталија, Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката, доколку тимот успее да го задржи местото во Серија А.

Де Роси ќе ја предводи екипата во претстојниот првенствен натпревар против Фиорентина, во недела.

Раководството на Џенова одлучи да не оддолжува со именувањето на новиот тренер, туку да го ангажира пред паузата во шампионатот.

Дополнително, реакцијата беше брза бидејќи управата очекуваше дека Де Роси би можел да добие понуда од друг клуб.

Џенова на 1 ноември го отпушти тренерот Патрик Виера, бидејќи тимот до тогаш немаше ниту една победа во првите девет кола на Серија А.

Од тој момент, екипата ја предвоdat Роберто Мургита и Доменико Кришито, и во понеделникот Џенова ја забележа првата победа во лигата, против Сасуоло со 2:1, и сега се наоѓа на 18. место на табелата со шест бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ откри кој му бил најдосаден натпревар досега на Мундијалот: Заспав во второто полувреме (Видео)

Легендарниот шведски напаѓач од босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, на својствен начин г…