Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се расплака како мало дете во Атина: Додека сум жив…

Ѓоковиќ се расплака како мало дете во Атина: Додека сум жив…

Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите по триумфот во второто коло на „Hellenic Championship“ во Атина. По победата над Алехандро Табило со резултат 7:6 (3), 6:1, организаторите на турнирот му приредија посебно изненадување – беше прикажано видео посветено на неговиот поранешен тренер Никола Пилиќ, кој почина во септември на 86-годишна возраст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За време на снимката, Ѓоковиќ едвај успеа да ги задржи солзите. Со право, бидејќи Пилиќ имаше пресудна улога во развојот на најдобриот тенисер на светот, бидејќи Ѓоковиќ уште на 12 години пристигна во неговата академија во Германија.

По мечот, Ѓоковиќ за сајтот на ATP изјави:

Тоа беше многу емотивен момент. Земајќи ја предвид значајноста што ја имаше за мене и моето семејство — како приватно така и професионално – тој беше мојот тениски татко, како што сакам да го нарекувам. Беше некој што одигра клучна, суштинска улога во мојот развој како тенисер и како човек. Беше ми навистина тешко кога слушнав дека починал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…