
Неверојатен момент го обележа натпреварот меѓу Чикаго Булс и Филаделфија, не само поради спектакуларната тројка на Никола Вучевиќ за победа со 113:111 откако заостануваа 24 поени, туку и поради реакцијата на коментаторот која брзо стана вирална!
Познатиот глас на Адам Амин, коментаторот на Булс, одекна во преносот кога Вучевиќ го погоди решавачкиот удар:
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
– О, Боже мој, Елизабет, пак доаѓам, Елизабет! О, Господи… Ова е големо, Елизабет – се слушна за време на преносот.
Неконтролираната, но духовита реакција на Амин – упатена кон неговиот колега Стејси Кинг, кого на шега често го нарекува „Елизабет“ – веднаш стана хит на социјалните мрежи.
.Bulls commentator after Nikola Vucevic game winner
— Fullcourtpass (@Fullcourtpass) November 5, 2025
“OH MY GOODNESS ELIZABETH, I’M COMING AGAIN ELIZABETH. OOOH LORD… ITS A BIG ONE ELIZABETH.” pic.twitter.com/0MFehzfElL