
Арсенал успеа да го совлада тимот на Славија од Прага, а централна фигура на натпреварот беше Мaкс Дауман, младата ѕвезда на лондонскиот клуб.
Овој млад фудбалер влезе на теренот во 73. минута, заменувајќи го Леандро Тросар, и во тој момент испиша историја, станувајќи најмладиот играч кој некогаш дебитирал во престижното натпреварување на Лигата на шампионите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Дауман е само 15 години и 308 дена стар, што го поставува како најмладиот фудбалер кој настапил во најелитното клупско европско натпреварување..
Претходниот носител на рекордот беше Јусуфа Мукоко кој дебитираше со 16 години и 18 дена.
Дауман веќе заигра и во Премиер лигата за Арсенал оваа година во натпревар против Лидс во август.
15 years and 308 days old, the youngest player in Champions League history…
— Arsenal (@Arsenal) November 4, 2025
Max Dowman ✨ pic.twitter.com/b7ke7nuIab