
Поранешниот англиски репрезентативец Алекс Окслејд-Чемберлејн од крајот на август годинава е слободен играч. Најскапо продадениот играч во историјата на Арсенал (за 38 милиони евра во Ливерпул) денес тренира со втората екипа на Арсенал за да најде нов клуб. Ова го потврди и тренерот на Арсенал, Микел Артета.
„Одличен карактер, еден од најдобрите што можете да ги најдете во фудбалот. Би било убаво да му дадеме простор да ја одржува формата и да најде клуб. Нашите момци можат нешто да научат од него. Имав привилегија да играм со Алекс и знам дека ќе биде многу добар пример”, рече шпанскиот стручњак.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Окслејд-Чемберлејн играше за Бешикташ во изминатите две и пол сезони. Турскиот клуб го раскина неговиот договор летово, по 50 настапи и пет голови. Пропушти добар дел од минатата сезона поради повреди што го следеа во кариерата. Кариерата ја започна во Саутхемптон, а во Арсенал премина во 2011 година за 14 милиони евра.
Таму се наметна како првотимец и забележа 198 настапи. Во Ливерпул премина во 2017 година и сè уште тој негов излезен трансфер е најголем во историјата на Арсенал. Со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, а со истиот тим стана и шампион на Англија една година подоцна.
Но, повредите го мачеа па крајот на 2013 година премина бесплатно во Бешикташ. Таму го доведе Оле Гунар Солскјер. Со заминувањето на Норвежанецот од клупата падна и статусот на англискиот играч, само за клубот да го раскине договорот една година пред истекот.