Дома Фудбал Алонсо го брани Вирц: Благодарение на него ја добив работата во Реал Мадрид

Алонсо го брани Вирц: Благодарение на него ја добив работата во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е полн со пофалби за неговиот поранешен играч Флоријан Вирц, кој во Ливерпул сè уште не успеа да ја пронајде формата од претходните две сезони додека играше за Бајер Леверкузен. Бајер во сезоната 2023-24 освои двојна круна под водство на Алонсо, освојувајќи го шампионатот во Бундес лигата без пораз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вирц во таа сезона постигна 18 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања и беше прогласен за најдобар фудбалер во Бундес лигата. Германскиот репрезентативец во последните две сезони за Бајер постигна 34 погодоци и 35 асистенции. Ова лето премина во Ливерпул, кој за него плати 125 милиони евра отштета. Во англискиот шампион на 14 натпревари забележа три асистенции, но сè уште не постигна гол.

„Доаѓањето во Ливерпул е голема промена за него и му треба време да се адаптира. Тој е посебен играч, има квалитет, карактер и многу е конкурентен. Благодарение на него, веројатно ја добив и работата во Реал, и многу сум му благодарен”, рече тренерот на Реал пред вечерашното гостување против Ливерпул во Лигата на шампионите. Алонсо добро знае што зборува затоа што како играч помина пет години во Ливерпул, одигрувајќи 210 натпревари за „Црвените“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, н…