Дома Бокс Ништо од спектаклот: Откaжaн бокс-мечот меѓу Џејк Пол и шампионот во бокс

Ништо од спектаклот: Откaжaн бокс-мечот меѓу Џејк Пол и шампионот во бокс

Долгоочекуваниот бокс спектакл меѓу Џејк Пол и Џервонто Дејвис, кој требаше да се одржи за само десетина дена, официјално е откажан. Одлуката за откажување на борбата, која требаше да ја спои елитната вештина на шампионот во лесна категорија Дејвис со големата разлика во тежината во корист на Пол, пристигна ненадејно, пишува Bloody Elbow.

Иако ниту Нетфликс ниту промоторската куќа Most Valuable Promotions (MVP) не го наведоа официјалниот мотив за откажувањето, оваа одлука доаѓа кратко откако MVP објави дека истражува обвинувања против Дејвис кои произлегоа од неодамнешна граѓанска парница.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во официјалното соопштение кое го објавија MVP и Нетфликс, нема изјави од самите борци. Сепак, непосредно пред објавата, Џејк Пол на социјалните мрежи кратко порача: „Бог има план. Секогаш.” Во соопштението стои: „Most Valuable Promotions и Нетфликс објавија дека борбата на Џејк Пол против Џервонто Дејвис, првично закажана за петок, 14 ноември во Мајами, Флорида, повеќе нема да се одржи.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Бокс-скандал: Албанец гризна Србин во Белгија!

Контроверзија на ревијата на професионален бокс во белгискиот град Нови Лувен. Главни акте…