
Душан Влаховиќ ја започна сезоната како стартер во првиот натпревар на Јувентус под раководство на Лучано Спалети, а „Старата дама“ триумфираше против Кремонезе со 2:1. Новиот тренер го замени Игор Тудор, а исходот беше позитивен уште на дебито.
Најдобриот стрелец на Јувентус досега е задоволен од победата, но…
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Си има свои методи кои очигледно функционираат, би сакал да останат меѓу нас. Игравме добар натпревар, можевме подобро, но најбитно е што победивме!
Јас ја извршувам својата работа и се трудам да бидам максимално фокусиран, работејќи за тимот и она што го бара тренерот. Тоа сум јас, не го правам за да покажам нешто, туку затоа што ми е заиста важно. Сега се враќаме во Торино, не очекуваат уште два натпревари, во вторник и сабота. Се надеваме дека ќе ја завршиме со две победи пред паузата. – изјави Влаховиќ