Дома Фудбал Чекор поблиску до идолот: Мбапе се израмни со Роналдо во историјата на Реал

Чекор поблиску до идолот: Мбапе се израмни со Роналдо во историјата на Реал

Еден од најдобрите фудбалери на денешницава неуморно оди по патот кој во Мадрид го чекореше Кристијано Роналдо, неговиот фудбалски идол. Сега му се придружи со големо достигнување, а нема сомнение дека тука нема да застане.

„Кралскиот клуб“ ја победи Валенсија и се зацврсти на врвот на табелата на Примера, предводен од одличниот Французин кој постигна два гола. Првиот беше доволен да се постигне импресивното достигнување кое пред него успеа само легендарниот Португалец.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поранешниот играч на Пари Сен Жермен беше сигурен од белата точка, што значеше дека постигна барем гол на осум последователни натпревари во шпанската лига. Во тој период, ги тресеше мрежите на противниците 10 пати.

Најдобриот стрелец во историјата на „лос бланкос“ успеа да постигне гол на 10 натпревари по ред, од 13-ти септември до 22-ри ноември 2014 година. Во тој временски период даде дури 19 гола.

Mbape можеби ќе го израмни неговиот рекорд на 23-ти ноември против Елче, или ќе го сруши една недела подоцна против Жирона. Светскиот шампион од 2018 година откако дојде во шпанската престолнина настапи на 73 натпревари, со учинок од 62 гола и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во ПСЖ: Дембеле повторно со болки!

Усман Дембеле можеби повторно се соочува со повреда на коленската тетива, овојпат за време…