Дома Останати Тенис Двократна освојувачка на Вимблдон: Нападната бев од 65 илјади Срби поради изјава за Ѓоковиќ

Двократна освојувачка на Вимблдон: Нападната бев од 65 илјади Срби поради изјава за Ѓоковиќ

Поранешната австралиска тенисерка Рене Стабс се пожали на реакциите од луѓето од Србија поради нејзината изјава за Новак Ѓоковиќ. Во нејзиниот подкаст рече дека Ѓоковиќ „нема причина повеќе да игра тенис бидејќи ги држи сите можни рекорди“. Оваа изјава не им се допадна на фановите на Ѓоковиќ, а Стабс тврди дека нејзината изјава била извлечена од контекст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Луѓето ќе ви извлечат мал дел од подкастот и ќе го стават во наслов. Но, таа реченица не е сѐ што кажав. Повторувам. Ѓоковиќ не мора да продолжи да игра тенис бидејќи веќе сѐ постигна. Тој е најдобриот играч на сите времиња. Ја ставија мојата изјава во наслов и, се разбира, ме нападнаа 65 илјади Срби.

Ме излудува тоа. Потоа ми велат само да ги игнорирам. Можев само да ги игнорирам, но ја извлекоа мојата изјава од контекст. Ако го слушаа до крај, ќе чуеа дека и реков дека му посакувам да продолжи да игра што подолго“, рече во нејзиниот подкаст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …