
Ѕвездата на Реал Мадрид Килиан Мбапе ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа за минатата сезона.
Како што е познато, Мбапе ја освои престижната награда со своите 31 гол во 34 натпревари во неговата дебитантска сезона во Ла Лига, освои 62 поени и ги надмина Виктор Ѓокереш и Мохамед Салах. Капитенот на Франција ја започна многу добро и сегашната сезона, со 11 голови во досегашните 10 натпревари во шпанската елита.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Мбапе го зборуваше шпанскиот на церемонијата и изјави: „Прво, морам да им се заблагодарам на соиграчите. Оваа година имаме неверојатен тим и можеме да освоиме многу нешта. Наградите за тимот се најважно нешто. Да играм за Реал Мадрид е сон што го имав уште како дете. Вистинско задоволство е да сум тука и сакам да останам уште многу години. Сакам да им се заблагодарам на фановите на Реал Мадрид, нивната поддршка значи многу за мене.“
„Се надевам следниот пат повторно да ја освојам „Златната копачка“. Почнав добро, но да видиме. Благодарам на сите,“ додаде капитенот на Франција.