Дома Фудбал Во Реал се сигурни дека повторно ќе нанесат трансферен удар на Ливерпул

Во Реал се сигурни дека повторно ќе нанесат трансферен удар на Ливерпул

Раководството на Реал Мадрид е сигурно дека ќе успее да го привлече капитенот на Кристал Палас, Марк Геи, како слободен агент на лето. Централниот дефанзивец беше на чекор од трансфер во Ливерпул во последниот ден од минатиот прозорец, но на крајот лондончаните решија да ја променат одликата и да го задржат англискиот репрезентативец, иако беше јасно дека нема да потпише нов договор со клубот.

Геи останува цел на Ливерпул, но во борбата се вклучени и шпанските гранди Реал и Барселона, како и Баерн Минхен.

Според „Сан“, на „Сантијаго Бернабеу“ се чувствуваат многу уверени дека можат да ја добијат таа борба и Геи ќе преферира да се придружи на своите соиграчи од репрезентацијата Џуд Белингем и Трент Александар-Арнолд. „Белите“ го привлекоа десниот бек токму од Ливерпул, чекајќи да му истече договорот. Сепак, Реал плати 10 милиони на Ливерпул за да го искористи Трент уште на Светскиот клубски шампионат.

Шпанскиот гранд беше поврзан и со централниот дефанзивец на Ливерпул Ибраима Конате, кој исто така има истечен договор. Формата на Французинот од почетокот на сезоната е колеблива, па приоритет за Реал сега е Геи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по поразот од Атлетико: „Сакам да ги прегрнам играчите, дадоа сè од себе“

Жозе Мурињо не сакаше да ги критикува своите фудбалери по поразот од Атлетико Мадрид, туку…