
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа оваа година да освои еден од четирите Гренд слема во сезоната, така што не го подигна нивото кое би било уште поголемо во светот на тенисот, односно уште потешко за Алкараз и Синер, или надежните ѕвезди кои доаѓаат да го надминат.
До крајот на годината скоро сигурно е дека Ѓоковиќ ќе настапи во Атина, додека се уште е неизвесно неговото учество на завршниот Мастерс на сезоната во Торино. Сепак, поранешниот американски тенисер Патрик Мекинро смета дека Новак би можел да стигне до 25. Гренд слем.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
– Секако го заслужува правото да игра кога сака. Моето чувство ми вели дека нема да игра, туку ќе почне да се подготвува за уште еден поход во Австралија – рече Мекинро, па додаде:
– ATP турнејата би сакала Ѓоковиќ да биде таму, но добиваме мешани пораки од големиот играч. Понекогаш вели дека треба да игра повеќе турнири, а понекогаш не.
Да се потсетиме, Новак последен пат учествуваше на егзибицискиот турнир Шест Кралеви во Ријад, каде што во полуфиналето беше поразен од Јаник Синер, за потоа да го предаде мечот за трето место на Тејлор Фриц.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!