Дома Фудбал Oфицијално: Србија има нов селектор!

Oфицијално: Србија има нов селектор!

Вељко Пауновиќ е назначен за селектор на српската фудбалска репрезентација, наследувајќи го Драган Стојковиќ Пикси на оваа позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пауновиќ (48) беше отпуштен од Овиедо на почетокот на овој месец, а Фудбалската федерација на Србија го оцени како најсоодветно решение за замена на Пикси.

Тренерската кариера на Пауновиќ вклучува работа во пет различни клубови низ светот, но најголемиот успех го постигна со младинската репрезентација на Србија до 20 години.

Во 2015 година, тој ја водеше оваа селекција до триумф на Светското првенство за играчи до 20 години кое се одржа во Нов Зеланд, каде што Србија го совлада Бразил во финалниот меч со 2:1 по продолженија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЧУДЕН ИЗБОР: Сандро Тонали инсистира на трансфер во премиерлигаш

Италијанскиот играч од средниот ред Сандро Тонали беше цел на Манчестер Јунајтед кој на кр…