Дома Фудбал Инсајдер открива: Винисиус јавно се извини на соиграчите поради својот бес – еве како реагирал Алонсо

Инсајдер открива: Винисиус јавно се извини на соиграчите поради својот бес – еве како реагирал Алонсо

Реал Мадрид на својот терен ја победи Барселона со 2:1 во десеттото коло на Ла Лига. Со триумфот во Ел Класико се одвои на врвот со предност од пет бода пред големиот ривал и актуелен првак на Шпанија. Еден од најголемите дербија беше бурен и за време и по натпреварот, а по жестокиот меч најмногу се зборува за Винисиус.

Крилниот напаѓач на Реал полуде во 71-та минута кога тренерот Чаби Алонсо покажа дека мора да излезе од игра за да го замени Родриго. Не се поздрави, како што е обичај, при замената со членовите на стручниот штаб и играчите на клупата и не остана да седи со нив, туку раздразнет замина директно во соблекувалната.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Истите извори додаваат: „За да помогне во смирување на конфликтот, тренерот на голманите, Луис Ллопис, мораше да оди во соблекувалната и да разговара со Винисиус. Успеа да го смири, па бразилецот неколку минути подоцна се врати на клупата со соиграчите.” На прес-конференцијата, тренерот на Реал најави дека тоа прашање ќе се реши внатре во тимот, зад затворени врати.

Токму така и беше, сведочи инсајдерот на Реал Хосе Луис Санчез: „Откако Винисиус јавно се извини на соиграчите и на стручниот штаб поради својата реакција на замената за време на Ел Класико, бразилскиот напаѓач приватно се извини и на тренерот Хаби Алонсо. Хаби и неговиот штаб се задоволни што Винисиус ја призна својатa грешка и го гледаат неговиот гест како позитивен и важен чекор напред.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше еден од најдобрите во Интер, сега го чека пауза до пролет

Дензел Дамфрис, одбранбениот играч на Интер, беше подложен на хируршка интервенција во Лон…