Дома Фудбал Нов тренер за Јувентус: Лучано Спалети се враќа на сцена

Нов тренер за Јувентус: Лучано Спалети се враќа на сцена

Јувентус е на чекор до назначувањето на Лучано Спалети (66) како нов тренер. Италијанските медиуми известуваат дека официјалната потврда и претставување може да се случат веќе во четврток. Според Sky Sport, Спалети се ближи до договорот за преземање на клупата на Бјанконерите, само еден ден откако Игор Тудор беше отпуштен поради лоши резултати.

По солиден старт на сезоната, Старата дама влезе во криза. Низата натпревари без победа и постигнат гол го забрзаа заминувањето на Тудор од клубот. Спалети ја презема позицијата во Јувентус, што ќе биде негово прво клубско ангажирање од 2023 година, кога замина од Наполи по две сезони на чело на тимот, известуваат италијанските медиуми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Следните две години италијанскиот стратег ги водеше Азурите, преземајќи ја репрезентацијата на Италија по ненадејното заминување на Роберто Манчини. Во јуни, по поразот од Норвешка со 3:0, Спалети доби отказ, а последниот натпревар како селектор на Италија го водеше против Молдавија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После 49 натпревари без одмор: Педри е повреден

Педри, кој можеби е најдобриот фудбалер на Барселона од почетокот на сезоната, е повреден,…