Дома Фудбал Ау, каква бомба од Мадрид: “Еден од нив е вишок во Реал Мадрид”

Ау, каква бомба од Мадрид: “Еден од нив е вишок во Реал Мадрид”

Нездоволството од одлуката на Чаби Алонсо да го повлече од игра на Ел Класико Винисиус Жуниор го покажа јавно. Викаше на тренерот среде терен и покрај клупата, и велеше дека сака да си оди од клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Извори блиски со Реал тврдат дека кралскиот клуб е подготвен да го санкционира однесувањето на бразилската ѕвезда. Можно е финансиска казна или барем сериозно предупредување.

Денес од Шпанија пристигнуваат вести за сериозно нарушениот однос меѓу двете страни. Работата е многу сериозна.

“Винисиус Жуниор повеќе нема доверба во Чаби Алонсо”, наведува El Larguero и продолжува да изнесува неверојатни детали.

Овој извор на крајот заклучува во сериозен тон.

“Ако ситуацијата остане како што е сега, тешко дека и двајцата ќе бидат дел од клубот. Еден од нив ќе биде вишок”, се наведува.

Винисиус и Реал веќе со месеци наназад разговараат за продолжување на соработката која истекува во лето 2027 година. Меѓутоа, договор нема.

Проблемот е во парите. Бразилецот бара плата во ранк со Килиан Мбапе, односно околу 30 милиони евра годишно, додека клубот нуди нешто над 20 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси е дел од еврејското лоби! Тоа е мафија!

Пред неколку дена Аргентина ја започна одбраната на светската титула со убедлива победа пр…