
Игор Тудор ја заврши својата авантура како главен тренер на Јувентус. Хрватот ги одведе во Лигата на шампионите минатата пролет, откако го наследи Мота, но искрено, не успеа да ја освои довербата на раководството. Општопознато е дека имаше разлики околу некои трансферски потези, не беше убеден во купувањето на Муани, а не ги сметаше ни Дејвид ни Опенда за соодветни решенија, особено ако Влаховиќ остане во тимот.
Иако започна со три победи, поради серија лоши резултати, мораше да се збогува со тренерската клупа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тимот привремено ќе го води тренерот на младинскиот состав Масимо Брамбила, но се очекува “Бјанконерите” да го најдат новиот тренер до крајот на неделата.
Списокот не влева многу надеж, гледано од перспектива на навивачите. Киелини активно го турка поранешниот соиграч Рафаеле Паладино, што го поддржува и новиот директор Франсоа Модесто, кој работел со него во Монца. Овој млад тренер по Монца беше дел од Фиорентина, ги одведе во Лигата на конференции, но поради несогласувања со спортскиот сектор и директорот Прадо, го напушти клубот. Би имал шанса да ја стабилизира екипата и до крајот на сезоната да покаже дека може да биде иднината на клубот.
Посериозни тренери поголеми договори и финансиски гаранции. Таков е случајот со Манчини кој не е популарен меѓу навивачите поради неговото минато во Интер, и Спалети, кој беше сменет од местото селектор. Има и гласини за можно враќање на Тијаго Мота, кој е под договор со друг клуб, но Јувентус досега не се одлучувал за вакви потези.
Првиот човек Комоли покрај италијанските кандидати, има визија и за странски тренер.
Според извори, на радарот се Чави, поранешниот англиски селектор Саутгејт и Един Терзиќ, кој минатата година го изгуби местото во Дортмунд, но пред две сезони ги одведе во Лигата на шампионите. Неговото доаѓање изгледа пореално од на Чави и Саутгејт.
Во секој случај, решението не е на повидок. Јувентус нема карта во ракавот, нема ни квалитетен тим, а и не изгледа дека сопствениците се спремни да инвестираат дополнителни средства, откако многу пари беа потрошени некорисно. Тимот не е конкурентен во борбата за титула ниту во Италија, а камоли во Европа.
Тешки времиња пристигнуваат…