Дома Фудбал Готово: Игор Тудор не е повеќе тренер на Јувентус!

Готово: Игор Тудор не е повеќе тренер на Јувентус!

„Игор Тудор е ослободен од должноста“, беше сè што беше објавено на профилот на „Sky Sport Italia“ на „X“.

Пораката е доволно јасна:

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Игор Тудор е сменет“.

„Бјанконерите“ вчера искусија нов пораз, сега од Лацио во Серија А. Ова е трет последователен пораз за тимот од Торино, кој веќе осми натпревар во низа не знае за победа.

Јувентус последен пат се израдува на успех во „Дербито на Италија“ со Интер, одиграно на 13-ти септември. Од тогаш па наваму, собра само пет од можни 24 бодови во првенството и Лигата на шампионите.

Иако Јувентус веќе не е истиот како во догледната историја, овој резултат е далеку од репутацијата на клубот и некој требаше да ја плати цената за таквите резултати..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија со пресврт го доби Пелистер и ја намали негативата зад Вардар (Видео)

Шкендија успеа да слави со 2-1 против Пелистер во 20. коло од Првата лига и да ја намали н…