Дома Фудбал Криминалци се обиделе да киднапираат најдобриот фудбалер на Зенит

Криминалци се обиделе да киднапираат најдобриот фудбалер на Зенит

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Ирина Волк, потврди дека полицијата привела осомничени за обид за напад врз фудбалер и киднапирање на еден бизнисмен.

Таа не прецизираше за кого точно се работи, но според извор на порталот РИА Новости, станува збор за Андреј Мостовој. Најверојатно, фудбалерот на Зенит бил нападнат од неколку лица. Тие се обиделе да го наведат во автомобил, но еден случаен минувач му притрчал на помош и го спасил од криминалците. Сѐ се случило во текот на ноќта на 23 октомври.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Два дена по ова, на истото место бил киднапиран еден бизнисмен. Тој бил присилен да влезе во автомобил и да им предаде голема сума на пари на криминалците, по што бил пуштен. Полицијата од Санкт Петербург објасни дека четворица мажи се приведени. Против нив се покренати казнени постапки за киднапирање, обид за киднапирање и грабеж.

– Во Санкт Петербург моите колеги од криминалистичката полиција притвориле осомничени за киднапирање на бизнисмен и обид за киднапирање на познат фудбалер – напиша Волк на својот Телеграм канал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал на Реал Мадрид му нуди толку многу за Винишус што Флорентино Перез едноставно нема да може да каже не!

Арсенал е подготвен да направи голем потег ако се отвори можност за доведување на Винисиус…