
Германскиот фудбалер Флоријан Вирц се покажа како можеби најголемото промашување во летниот трансфер период, бидејќи во првите девет натпревари од Премиер лигата нема постигнато ништо важно..
Неговата игра на теренот е прилично слаба, поради што е цел на потсмев од фановите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ова беше случај и изминатиот викенд кога Ливерпул гостуваше кај Брентфорд, каде „црвените“ изгубија со резултат 3:2, а Вирц приреди уште едно разочарувачко издание.
📸 – Brentford fans towards Florian Wirtz: “WHAT A WASTE OF MONEY, WHAT A WASTE OF MONEY! 🎶” pic.twitter.com/cYkJP5tb5f
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) October 25, 2025
Вирц започна како дел од почетниот состав и остана на теренот до 83-тата минута, кога беше заменет од Џо Гомез. Додека го напушташе теренот, од трибините се слушаше скандирање и песна од навивачите.
“Какво фрлање на пари”, пејаа навивачите, а снимката стана вирална на социјалните мрежи и можете да ја погледнете на овој линк.
Вирц во изминатите две сезони беше меѓу најдобрите фудбалери во германската Бундеслига, а фантастичните настапи на Бајер Леверкузен им донесоа значајна сума.
Ливерпул летово плати за Вирц 125 милиони евра, а со бонуси, сумата на обештетување може да се искачи до 133 милиони евра.