
И покрај тоа што во февруари наполни 40 години, легендарниот Кристијано Роналдо не покажува знаци дека планира да се повлече од играњето фудбал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Напротив, португалската суперѕвезда има планови да продолжи да игра професионален фудбал за Ал Наср уште неколку сезони, а сега откри една од клучните тајни на неговата долговечност на теренот.
Добро познато е дека Роналдо внимава на своето тело и на процесот на опоравување, а особено ја истакнува важноста на сонот:
„Сонот е најважната алатка која ја поседувам,“ истакна Роналдо.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата објасни дека клучот за одржување на формата е конзистентноста:
„Трикот е во тоа да бидам постојан во времето кога легнувам да спијам и кога се будам.“
Неговата секојдневна рутина изгледа вака:
„Во кревет одам околу 11 или 12 часот навечер, а се будам околу 8:30 наутро. Тоа е мојот ритам.“
Роналдо е убеден дека сонот е основата на здравјето, особено за професионалните спортисти:
„Сонот е веројатно најважната работа што ја имаме во животот кога станува збор за здравјето.“