
РЕАЛ Мадрид славеше против Барселона со 2:1 во возбудливиот Ел Класико на стадионот Сантијаго Бернабеу, но најмногу се зборува за изјавите на младиот Ламин Јамал по натпреварот. Поранешниот играч на Барса, Рафиња Алкантара, жестоко го нападна 18-годишниот играч поради “недостаток на зрелост”, тврдејќи дека со неговите коментари пред натпреварот му дал “дополнителна мотивација” на Реал Мадрид за победа, пренесува Goal.com.
Реал постигна победа благодарение на головите на Мбапе и Џуд Белингем, кои и обезбедија водство од пет поени на врвот на Ла Лига. Во второто полувреме Мбапе пропушти да реализира пенал, кој Војчех Шчесни го одбрани.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Страстите дополнително се зголемија кога Педри заработи црвен картон длабоко во судиското надополнување по прекршок врз Орелиен Чуамени. По последниот свиреж на судијата, се појавија неколку конфликти, во кои беа вклучени Винисиус Жуниор, Дани Карвахал и Тибо Куртоа, кои започнаа расправија со Јамал.
Контроверзни коментари и жестоки критики
Младата ѕвезда на Барселона ги налути мадридските играчи со неговите непромислени коментари пред натпреварот. “Да, секако, тие крадат и се жалат…”, рече Јамал во својот говор за Реал Мадрид на платформата Twitch. Овие зборови не му се допаднаа ниту на поранешниот играч на Барса, Рафиња, кој го осуди веднаш по мечот.
Во изјава за DAZN, Рафиња го обвини Јамал дека му даде дополнителен поттик на Реал: “Погреши поради младоста и недостатокот на зрелост со она што го кажа. Неговите зборови ја обезбедија дополнителната мотивација за Реал”, изјави Рафиња.
Со него се согласи и поранешниот играч на Реал Мадрид, Гути, кој додаде: “Ламин Јамал е премногу млад за да ја знае историјата на Реал Мадрид и Барса. И јас би го повикал да размисли на тоа што го кажа.”