Дома Фудбал Навивачите на Реал изгубија нерви кога видоа зошто е поништен голот на Мбапе

Навивачите на Реал изгубија нерви кога видоа зошто е поништен голот на Мбапе

На стадионот Сантијаго Бернабеу моментално се одвива дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона, а навивачите на кралскиот клуб беа бесни кога видоа зошто беше поништен спектакуларниот гол на Килијан Мбапе.

Кралевите фуриозно започнаа натпреварот и веќе во втората минута судијата Сото Градо досуди пенал, но по реакција од ВАР собата се предомисли и наместо пенал досуди прекршок во нападот на Винициус Жуниор.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Десет минути подоцна трибините повторно “прокипеа” бидејќи мрежата на каталонскиот клуб се затресе.

Во центарот на вниманието се најде Килијан Мбапе кој постигна спектакуларен погодок за 1:0, но ВАР собата повторно се вклучи и голот на Реал беше поништен.

Имено, голот беше поништен затоа што Мбапе беше во офсајд, но навивачите на Кралевите сосема ги изгубија нервите кога беше покажана фотографијата која ја прикажа спорната ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…