Дома Фудбал Вакво нешто ретко се гледа: Во натпреварот на Ливерпул на полувреме беше заменет судијата

Вакво нешто ретко се гледа: Во натпреварот на Ливерпул на полувреме беше заменет судијата

Необичен и драматичен тек имаше натпреварот меѓу Брентфорд и Ливерпул, последен од денешната програма во англиската Премиер лига. Дуелот понуди многу возбудувања, но и куриозитет каков што ретко се гледа на највисоко ниво.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Брентфорд отвори одлично и поведе уште во петтата минута преку Уатара, а пред крајот на првото полувреме Шаде зголеми на 2-0. Кога се чинеше дека тоа ќе биде резултатот на паузата, во петтата минута од судиското продолжение Керкез намали за Ливерпул, па домаќините на одмор заминаа со минимална предност.

Главниот судија Сајмон Хупер се најде под жестоки критики затоа што покажа три минути продолжение, а играта траеше цели пет. Сепак, според правилата, тоа останува негова дискрециона одлука.

Меѓутоа, вистинската необичност се случи на паузата меѓу двете полувремиња. Второто полувреме доцнеше околу 15 минути, откако Хупер пријави повреда на ногата — наводно истегнување на мускул — и не можеше да ја продолжи судиската должност. Наместо него, натпреварот го презеде четвртиот судија Тим Робинсон, додека Хупер ја презеде неговата улога крај теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…