Дома Останати Кошарка Трагедија ја погоди Битола: Почина едно од најголемите имиња во КК Пелистер

Трагедија ја погоди Битола: Почина едно од најголемите имиња во КК Пелистер

Тажна вест ја потресе денеска битолската и македонската спортска јавност — на 47-годишна возраст почина поранешниот кошаркар, тренер и легенда на Пелистер, Зоран Петковски. Веста за неговата смрт ја потврди клубот од Битола, кој со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од својот поранешен играч и голем човек.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Петковски беше еден од симболите на битолската кошарка. Своите први чекори ги направи токму во редовите на Пелистер, клуб во кој ги постави темелите на својата професионална кариера. Подоцна настапуваше и за неколку други македонски екипи, меѓу кои Куманово, Вардар и МЗТ Скопје, а беше и дел од младинските селекции на Македонија.

По завршувањето на играчката кариера, Петковски се насочи кон тренерската работа и како стратег на Пелистер успеа да го врати тимот во прволигашкото друштво. Во поновите години беше активен и како член на управата на клубот, секогаш посветен на развојот на кошарката во Битола.

Неговото заминување остава голема празнина во спортската заедница, но споменот за Зоран Петковски ќе остане трајно врежан во историјата на Пелистер и македонската кошарка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос пред „Медисон сквер Гарден“: Бесна толпа нападна навивачи на Сан Антонио (Видео)

Вистинска драма се случи по третата НБА-финална средба во која Сан Антонио направи брекј и…