
Нови политички тензии во Србија, овој пат на јужната трибина во белградската Арена меѓу најжестоките навивачи на Партизан, Гробарите.
На средината од втората четвртина на натпреварот Партизан – Париз, дојде до физички судир на делот од трибините каде што се наоѓаат најжестоките поддржувачи на црно-белите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Инцидентот беше предизвикан од истакнување на транспарент со натпис „Студентите ИН, Вучиќ НАДВОР“, што предизвика негодување кај дел од публиката. Според сведочења од местото на настанот, група луѓе пристапиле до навивачите со транспарентот и барале да го спуштат.
Таквото барање предизвика гласно скандирање против претседателот на Србија Александар Вучиќ, а тензијата брзо се претвори во отворен судир меѓу навивачите.
На трибината зад кошот дојде до тепачка помеѓу припадниците на навивачката група, очигледно поделени помеѓу оние кои сакаа да изразат политички став и оние кои ги спречуваа да го направат тоа.
Како што известува „Спортклуб“, во тепачката учествуваа повеќе лица, а според наведеното од репортерот, “првата линија на навивачи се судри со останатите”. Во судирот, според истите извори, учествувал и водич на навивачите кој во рацете држел мегафон.
Снимките од салата прикажуваат метеж и туркање во близина на теренот, додека редари и полицијата се обидуваа да ја смират ситуацијата. Инцидентот траеше неколку минути, по што натпреварот продолжи.