Дома Фудбал Проблеми за Артета: Арсенал за викендов остана без еден од најдобрите

Проблеми за Артета: Арсенал за викендов остана без еден од најдобрите

Стоперот на Арсенал Габриел има полесна повреда и е под знак прашање за дуелот со Кристал Палас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест денес ја потврди менаџерот Микел Артета.

„Габриел почувствува нелагодност во мускулот по завршување на натпреварот со Атлетико. Ќе видиме дали ќе биде подготвен за Кристал Палас”, изјави Артета.

Шпанецот оваа година не треба да се грижи во вакви случаи, бидејќи летово пристигнаа Кристијан Москера и Пјеро Хинкапије. Се очекува Габриел да го замени Москера, заедно со Вилијам Салиба.

Освен Габриел, повредени се уште Мартин Едегард, Нони Мадуеке, Кај Хаверц и Габриел Жезус.

Натпреварот Арсенал – Кристал Палас е закажан за недела во 15.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…