Дома Фудбал Зајадливи коментари од Јамал кон Реал Мадрид денови пред Ел Класико

Зајадливи коментари од Јамал кон Реал Мадрид денови пред Ел Класико

Големата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, беше гостин во емисијата “Chup Chup Kings”, каде што играчот разговараше со водителот Ибај Љанос за шоу-натпреварот овој петок помеѓу Ла Капитан, тимот на крилото на каталонците, и Порсинос, тимот на стримерот, кој ќе се одржи овој петок од 21:00 часот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На прашањето дали е повеќе мотивиран да постигне гол против Реал Мадрид или Порсинос, Јамал категорично изјави: „Повеќе сум возбуден да постигнам гол против тебе отколку против Реал Мадрид. Веќе сум постигнал неколку голови против Реал.“

Водителот Љанос, кој е познат по својата пристрасност кон „лос бланкос“, го контрираше со друго прашање: „За тебе Порсинос е како Реал Мадрид“. Играчот на Барса не се двоумеше да одговори остро: „Да, крадат, се жалат“.

Младиот талент на Барселона имаше и други остри коментари во однос на големиот ривал во неделата на Ел Класико, кој ќе се одигра в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија не победи и во Кратово, сега чудо треба да го спречи Вардар да ја освои титулата! (Видео)

Со два натпревари денеска беше отворено 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, во к…