
По шест години и многу страдања поради повреди, Марк Маркез повторно блесна и по седми пат го освои Мото ГП шампионатот, потврдувајќи дека се работи за еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Mаркез на Дукати беше класа за себе и направи крајот на сезоната да не биде неизвесен, но на трката за Големата награда на Индонезија повторно се повреди, се случи фрактура на клучната коска и лигаментите, па Шпанецот го нема на патеката од почетокот на октомври.
A според последните информации, сезоната за Маркез е завршена.
Прегледите покажаа дека Маркез мора да земе подолга пауза. Нема да вози во Портимао и Валенсија, но ниту на воведните тестирања пред почетокот на следниот шампионат, каде ќе ја брани титулата светски првак.
„Медицинскиот тим кој го следи неговото закрепнување потврди дека клиничката еволуција на коракоидната фрактура и повредите на лигаментите е позитивна и напредува нормално. Сепак, Марк ќе мора да помине четири недели со целосно имобилизирана рака пред да започне со рехабилитација, така што е невозможно да размислуваме за негово враќање оваа година“, официјално соопшти Дукати.