Дома Фудбал Голем скандал во НБА на старртот од сезоната: Уапсени играч и тренер!

Голем скандал во НБА на старртот од сезоната: Уапсени играч и тренер!

Бекот на Мајами Хит, Тери Розиер (31), и тренерот на Портланд Трејл Блејзерс, Чонси Билупс (49), беа уапсени во четвртокот како дел од две одделни, но поврзани истраги за илегално коцкање, јавува ESPN.

Розиер бил уапсен во четврток наутро во хотел во Орландо, само еден ден по поразот на неговиот тим Мајами Хит во првиот натпревар од сезоната против Орландо Меџик. На тој натпревар, тој не настапи по одлука на тренерот. Неговиот случај е поврзан со сомнителни активности за обложување пред натпреварот на Шарлот Хорнетс против Њу Орлеанс Пеликанс на 23 март 2023.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Обложувалниците тогаш забележаа значителен интерес за облозите на намалената игра на Розиер во поглед на поените, скоковите и асистенциите, што доведе до замрзнување на обложувањето. Розиер, кој тогаш играше за Хорнетс, одработи само десет минути на теренот пред да го напушти натпреварот поради наводна повреда на стапалото.

Адвокатот на Розиер, Џим Трасти, претходно изјави за ESPN дека неговиот клиент повеќепати се состанал со претставниците на НБА лигата и ФБИ во текот на 2023 година. Лигата тогаш спроведе истрага и утврди дека не било извршено кршење на правилата.

Уапсувањето на Билупс во Орегон е дел од посебна истрага за нелегална покер операција поврзана со мафијата, јавува ABC News. Се очекува дека Билупс, кој е тренер на Трејл Блејзерс од 2021 година и поранешен НБА шампион, во текот на четврток ќе се појави на првото судење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Интер бесни: Ако тоа беше пенал, тогаш секој контактво шеснаесетникот треба да е пенал!

Централна тема на натпреварите од шестото коло во Лигата на шампионите останува спорниот п…