Дома Фудбал Арда Гулер остана без зборови кога слушна што му кажаа по мечот против Јувентус (Фото)

Арда Гулер остана без зборови кога слушна што му кажаа по мечот против Јувентус (Фото)

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Јувентус со 1:0 во дербито од третото коло на Лигата на шампионите, а по натпреварот Арда Гулер стана хит на социјалните мрежи поради неговата реакција кога дозна дека е прогласен за играч на натпреварот.

Кралевите го продолжија победничкиот низ во Лигата на шампионите и запишаа трет последователен триумф во досегашниот дел од Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако Реал Мадрид не блескаше премногу синоќа, сепак успеа да го совлада Јувентус, а пресудниот гол го видовме во 57. минута кога Џуд Белингем ја погоди мрежата на Старата дама.

Како што сезоната одминува, во играта на Кралевите се забележуваат промените што ги воведува Хаби Алонсо и многумина веруваат дека Реал Мадрид ќе игра се подобро.

Еден од играчите што доби вистинска шанса со доаѓањето на Алонсо е Арда Гулер, кој и синоќа играше од првата минута и повторно беше еден од најдобрите на теренот.

Тоа го докажува фактот дека токму турскиот репрезентативец беше избран за најдобар играч на натпреварот, што тој и самиот не го очекуваше.

Имено, многумина се насмеаја на сцената на крајот од натпреварот кога му пријдоа на Гулер и му рекоа дека ја добил наградата за играч на натпреварот, што го изненади, а неговата реакција беше урнебесна.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сон би можел да се врати во Европа, барем на кратко

Хјонг-Мин Сон би можел да смени клуб, барем на кратко.  Летово, одличниот Корејанец го нап…