Фудбалска Италија го доживеа најголемиот срам во својата понова историја и не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како главен виновник за неуспехот сите го посочуваат селекторот Џанпјеро Вентура и бараат веднаш да го напушти кормилото на „аѕурите“.
Иако сите очекуваа дека после дебаклот синоќа ќе покаже доблест и веднаш ќе си поднесе оставка, Вентура не го направи тоа и изјави дека прво сака да разговара со претседателот на Федерацијата, Тавекио.
Вентура неодамна го продолжи договорот до 2020 година, а денес медумите пренсуваат дека ќе бара бонус за предвремено раскинување на истиот. Наводно искусниот стратег за да замине од кормилото бара бонус од 700.000 евра.
Ова уште повеќе ги налути Италијанците кои сега бараат комплетна смена на челните луѓе и оставка од претседателот Тавекио.