Дома Топ вести „Мундо Депортиво“ ТВРДИ: Гризман заминува во јануари, трансферот е веќе договорен!?

„Мундо Депортиво“ ТВРДИ: Гризман заминува во јануари, трансферот е веќе договорен!?

griezman

Како што сега стојат работите, Антоан Гризман ќе ги напушти редовите на Атлетико Мадрид.

Гризман минатото лето беше мета на многу клубови, но одлучи да остане во Атлетико бидејќи шпанскиот клуб поради суспензијата не можеше да доведува нови фудбалери. Сепак, суспензијата на „јорганџиите“ истакува на почетокот на 2018 година, а шпанските медиуми шпекулираат дека Гризман веќе во јануари би можел да ја промени средината.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Иако голем интерес за Гризман покажа Манчестер Јунајтед неодамна се појави и информацијата дека Барселона сака да го доведе веќе во јануари.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона и Атлетико Мадрид веќе успеале да го договорат овој трансфер и Гризман би требало да потпише договор на пет години според кој би заработувал 20 милиони евра годишно.

Сепак, овие информации не се потврдени, но треба да се напомене дека доаѓаат од реномиран медиум како „Мундо Депортиво“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фернандеш: Ги изневерив соиграчите…

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш изјави дека ги разочарал своите соиграчи …