Дома Фудбал Урнат негативен рекорд во Серија А

Урнат негативен рекорд во Серија А

Напаѓачите во италијанското првенство дефинитивно не беа расположени минатиот викенд. Претходно, седмото коло, беше најнеефикасното во историјата на Серија А откако лигата се прошири на 20 клуба во сезоната 2004/2005 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само 11 гола беа постигнати на десетте натпревари што се одиграа во саботата и неделата. Ова значи дека беа постигнати 1,1 гол по натпревар.

Претходниот негативен рекорд изнесуваше 13 голови, кој се случи двапати – во сезоните 2004/2005 и 2022/2023.

Пет натпревари завршија без голови, а колку беше неефикасно сведочи натпреварот Милан и Фјорентина, кој заврши 2:1 и беше најефикасен.

Кога лигата броеше 16 екипи, во сезоните 1968/69 и 1979/80 се случи помал број на голови во едно коло, и беа постигнати само шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо објави слики од „најскапите играчки“ (Фото)

Кристијано Роналдо (41) објави фотографии од неговата гаража, споделувајќи со следбениците…