Дома Останати Кошарка Деби за заборав: Дурант ја презеде одговорноста за поразот од Оклахома (Видео)

Деби за заборав: Дурант ја презеде одговорноста за поразот од Оклахома (Видео)

Кевин Дурант ја презеде целосната одговорност за поразот на Хјустон Рокетс во неговиот дебитантски настап за новиот тим, откако Оклахома Сити Тандерс славеше со 125:124 во возбудлив натпревар со две продолженија.

„Промашив слободни фрлања и направив фаул на крајот. Мислам дека тие две грешки се причината зошто изгубивме”, изјави Дурант по мечот.

Во вечерта кога Оклахома ја прославуваше титулата шампион на НБА лигата со подигање на шампионскиот банер и церемонијата за доделување на прстени, Дурант постигна 23 поени (шут од игра 9/16), но направи неколку клучни грешки кои, според него, го чинеа Хјустон победата.

Рокетс водеа 124:123, 11 секунди пред крајот на второто продолжение, кога Шај Гилџис-Александер “го навлече” Дурант на фаул со лажен шут, поради што Дурант доби шеста лична грешка и ја напушти играта.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

EСПН: Јокиќ е најдобар во НБА!

Експертите од ЕСПН составија листа на играчи за кои веруваат дека ќе бидат најдобри во пре…