Дома Фудбал Напад од соништата Кристијано Роналдо/Роберт Левандовски

Напад од соништата Кристијано Роналдо/Роберт Левандовски

Откако ги донесе Жоао Феликс и Кингсли Коман во Ријад, Кристијано Роналдо наводно ги изнесе новите барања до сопствениците на клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанскиот портал „Фичахес“ пишува дека Роберт Левандовски ќе добие понуда која нема да може да ја одбие. На полскиот напаѓач му е предочено дека Барселона ќе се сврти кон други решенија следното лето, што, се разбира, не остана незабележано, ниту за Кристијано.

„Фичахес“ наведува дека Португалецот веќе ги изнел барањата до луѓето од Ал-Наср да реагираат и да направат сè што е потребно за да го привлечат „Лева“ во Саудиска Арабија.

Тоа донекаде има смисла, бидејќи Левандовски, и покрај тоа што сè уште игра на врвно ниво, во август наполни 37 години.

Дали ќе се случи тоа, не знаеме, но… каков напад би бил: Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков ден во Италија: Гатузо, Алегри и Сари имаат нови клубови

Алегри го напушта Милан по трагедијата во последното коло и поразот од Каљари на „Сан Сиро…