Дома Фудбал Саудијците не штедат: Еве колку пари ќе добие секој фудбалер за пласманот на Мундијалот!

Саудијците не штедат: Еве колку пари ќе добие секој фудбалер за пласманот на Мундијалот!

Владата на Саудиска Арабија обезбеди значајни парични награди за фудбалерите за постигнатиот успех пласирајќи се на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Секој играч, заедно со целиот стручен штаб, ќе добие по 5 милиони саудиски ријали, што е околу 1,15 милиони евра, за пласманот на Светското првенство во 2026 година. Овој потег го објави министерот за спорт, Абдулазиз бин Турки Ал-Фаисал.

Саудиска Арабија го обезбеди своето место на Светскиот шампионат со нерешен резултат од 0:0 во последниот натпревар од азиските квалификации против Ирак.

Со тоа, Саудијците успешно обезбедија учество по трет пат едноподруго на ова глобално натпреварување.

Ал-Фаисал објави дека наградите за фудбалерите и стручното раководство ќе бидат исплатени најдоцна 30 дена по завршувањето на квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија прими гол за паметење

Шпанија игра со Ирак во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство, а по …