Дома Останати Кошарка Навивачи нападнаа автобус во Италија – возач почина откако го погодиле со цигла (Видео)

Навивачи нападнаа автобус во Италија – возач почина откако го погодиле со цигла (Видео)

Еден од возачите на автобусот кој превезувал навивачи на кошаркарскиот тим Пистоја загина синоќа откако навивачи на ривалскиот тим Себастијани од Риети го нападнале автобусот на автопатот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Несреќниот возач седел во предниот дел од автобусот до возачот кој во тој момент го управувал автобусот. Почина откако тула го удрила во глава, пишува италијанската новинска агенција „ANSA“.

Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, околу 80 километри североисточно од Рим. Навивачите на Себастијани фрлале камења и други предмети кон автобусот кој го напуштал Риети по натпреварот од втората италијанска лига.

Итните служби, заедно со неколку полициски и карабинерски патроли, веднаш реагирале, но нивните обиди да го спасат животот на возачот беа неуспешни. Во тек е полициска истрага за да се откријат одговорните за нападот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денот кога кошарката остана без еден од најголемите: Пред 33 години дождливиот автопат ги скрати соништата на Дражен!

На денешен ден во 1993 година, Драган Петровиќ, кој многумина го нарекуваат „Моцарт на кош…