Дома Бокс Бокс-скандал: Албанец гризна Србин во Белгија!

Бокс-скандал: Албанец гризна Србин во Белгија!

Контроверзија на ревијата на професионален бокс во белгискиот град Нови Лувен. Главни актери беа српскиот боксер Ѓорѓе Стојковиќ и белгискиот спортист со албанско потекло – Меритон Караџа.

Во средината на четвртата рунда, Караџа го гризна Стојковиќ по рамото, што го принуди српскиот боксер од болка да се фати за раната и да ја прекине борбата.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Сепак, тогаш судијата Мишел Максиута донесе изненадувачка одлука да го заведе мечот како технички нокаут и да му ја додели победата на домашниот боксер, наместо да го дисквалификува Караџа.

„До прекинот, мечот беше одличен, а нашиот Ѓорѓе беше доминантен и сигурно ќе ги постигнеше уште една победа во гостинскиот ринг. Сојузот за професионален бокс на Србија ќе достави официјална жалба до белгиската бокс федерација и ќе побара да се прегледа снимката и да се промени одлуката што е донесена“, соопштува на својата фејсбук страница Српската федерација за професионален бокс.

Оваа непријатна спортска сцена ги потсети љубителите на бокс на легендарната борба од 1997 година, каде Мајк Тајсон во дуел за титулата на светски првак во тешка категорија му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Усик: Ќе се молам за Џејк Пол, Џошуа може да го уништи

Олександр Усик, шампион во тешка категорија во бокс, изрази сериозна загриженост за живото…