Дома Фудбал Репрезентации Вентура во конфликт со фудбалерите, па побегнал од хотелот?!

Вентура во конфликт со фудбалерите, па побегнал од хотелот?!

Прв пат после 1958 година репрезентацијата на Италија не успеа да се пласира на Светското првенство кое наредното лето ќе се игра во Русија.

Италија вчера доживеа голем удар кога на „Сан Сиро“ одигра 0:0 против Шведска. Навивачите на „Аѕурите“ до последен момент веруваа дека нивниот тим може да ги сврти работите во своја корист, но тоа не се случи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По дебаклот на Италија главно прашање на конференцијата за медиуми беше дали Вентура ќе си поднесе оставака и ќе се обиде барем малку да го сочува своето достоинство.

Медиумите на Апенините пренесуваат дека Вентура влегол во жесток конфликт со фудбалерите и тие од него побарале да ја напушти репрезентацијата. Наводно, иако се пишуваше дека тоа се случило, Вентура сеуште не си поднел оставка и најавил дека ќе се огласи утрово.

Но, Вентура не го испочитувал ниту ова, бидејќи во раните утрински часови тој го напуштил хотелот во Милано користејќи го споредниот излез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Откриено кои великани ги одби Ван Дајк чекајќи ја одлуката на Ливерпул

Ливерпул вчера официјално потврди дека Вирџил ван Дајк останува на Енфилд и дека го продол…