Дома Фудбал Тотенхем доби предлог: Со Влаховиќ би ги решиле сите проблеми!

Тотенхем доби предлог: Со Влаховиќ би ги решиле сите проблеми!

Лондонскиот клуб засега не беше многу споменуван како заинтересирана страна за Душан Влаховиќ.

Со Доминик Соланке на списокот, Тотенхем има напаѓач, но неговата ефикасност е непостојана, а Томас Франк бара повеќе од својот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кит Венс, кој претходно го водеше Абердин, Евертон и Астон Вила, во подкастот “Football Insider” изнесе интересни детали за можна зделка со Влаховиќ.

“На Тотенхем сè уште му е потребен вистински, искусен напаѓач. Влаховиќ би можел да биде решението за овие проблеми. Верувам дека би се вклопил одлично во тимот. Иако времето е кратко, трансферот може да се случи во јануари. Наводно, и тој самиот е заинтересиран за Тотенхем,” изјави Венс.

Одреден период се шпекулира за трансфер на Влаховиќ, а меѓу заинтересираните клубови се споменуваат Барселона, Баерн, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшно: Поранешен фудбалер убиен во Белград

Поранешниот српски фудбалер Живко Бакиќ брутално беше убиен во близина на Белград, пренесу…