
Новак Ѓоковиќ доживеа нов пораз од Јаник Синер. По завршувањето на мечот призна дека не се прашуваше многу и му честиташе на противникот за одличната игра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Синер беше едноставно пресилен. Ѓоковиќ првите можности за брејк ги имаше дури кога практично беше пред нокаут, во шестиот гем од вториот сет при резултат 4:1 за Синер со двоен брејк. Сепак, не успеа да ги искористи и Италијанецот на крајот рутински го доби овој меч, што го призна и самиот Новак.
– Не беше ова долг меч, што е негова, а не моја заслуга. Беше премногу добар, го удираше топчето силно од сите агли и му посакувам се најдобро во финалето – рече Ѓоковиќ.
Против Синер загуби шест натпревари по ред. Неодамна на УС Опен загуби од Карлос Алкарас и реалноста е дека Синер и Алкарас се прашуваат за трофеите. Ѓоковиќ беше прашан дали сè уште вреди целиот труд, кога е очигледно дека двајцата млади лавови се во сериозна предност.
– Секогаш вреди. Тука е страста за тенисот и тренингот. Извинете за јазикот, но тоа е така кога некој ќе ве растури на ваков начин. Сепак, добро е чувството што уште сум во топ 10, топ 5. Ова е неверојатно патување. Би сакал да имам малку помладо тело, барем уште една година за подобро да им се спротивставам. Но, сè уште ќе се трудам да ги предизвикам.