Дома Фудбал Голема промена се најавува во Реал Мадрид

Голема промена се најавува во Реал Мадрид

Голема промена се најавува во Реал Мадрид, пренесува „The Athletic“.

Според изданието, претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез и неговите советници сериозно ја разгледуваат можноста да привлечат надворешни инвеститори, а фановите на клубот (т.н. „сосиос“) веќе да не бидат единствени сопственици.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид е единствениот фудбалски клуб кој некогаш има остварено приходи над 1 милијарда евра, но Перез сè уште верува дека се потребни повеќе средства за да се натпреварува со екипите од Лигата на шампионите. Прекин на 123-годишната традиција клубот да не биде во сопственост на своите навивачи може да е единствениот начин да се постигне тоа.

Се очекува Флорентино Перез да ги претстави деталните планови за овие сериозни промени во сопственостa на клубот на следното Генерално собрание кое ќе се одржи во текот на следниот месец.

Реал Мадрид, слично на својот голем ривал Барселона, отсекогаш бил во сопственост на своите клубски членови – од неговото основање во 1902 година. Тие бројат околу 100.000 луѓе, кои го избираат претседателот на клубот и имаат право на гласување за важни прашања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски со фотографија со Мојс му одговори на Омерагиќ: Немојте да се доведувате во ситуација да дувате на јогурт!

Во овој период во македонската фудбалска сцена актуелни се препукувањата помеѓу поранешнио…