Дома Фудбал На повидок голема битка за новата англиска сензација, преговори се можни само со 75 милиони евра!

На повидок голема битка за новата англиска сензација, преговори се можни само со 75 милиони евра!

Елиот Андерсон се истакнува како новата ѕвезда на англискиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој талентиран играч кој настапува за Нотингем Форест имаше извонредна мината сезона, што му донесе и повик од Томас Тухел за репрезентацијата на Англија. Неговата пазарна вредност се проценува дека би можела да достигне неверојатни 75 милиони фунти.

Кој е подготвен да ја издвои таа сума?

Лесно може да се претпостави дека еден од заинтересираните клубови е Челси, а другиот е – Манчестер Сити.

Всушност, Гвардиола го одреди Андерсон како примарна цел за засилување на средниот ред и е решен да стори сè за да го доведе на „Етихад“. Овде би можел да биде замена за Родри, кој сè почесто се поврзува со трансфер во Шпанија, каде интересот од Реал Мадрид е се поголем.

Андерсон пред една година пристигна во Нотингем од Њукасл за 35 милиони фунти.

Очекувањата се дека следната година на Мундијалот ќе биде една од клучните фигури на англиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…